Органик нар е семејна компанија чии први плодови се сочните калинки израснати на сопствените насади распослани во недопрена природна средина на југот на Македонија. После неколку години занимавање со одгледување калинки, компанијата започна со производство на природен сок од калинка со уникатен освежувачки вкус и автентична арома.
Палетата на производи на брендот ART JUICE се базира исклучиво преку производство на сок од свежо овошје, без конзерванси и адитиви. ОРГАНИК НАР произведува вистински сок кој е совршена комбинација на органски одгледано овошје и процес на подготовка согласно врвните стандарди за квалитет. ОРГАНИК НАР – САМО ПРИРОДНО!
Оваа веб страна е изработена во рамките на проектот ,,Организациски развој на МРР и развој на одржливи модели за обезбеденост со храна во локалните заедници“ финансиран од Шведската агенција за меѓународна соработка за развој (Сида) преку Шведската организација за развој We Effect. Сида, We Effect и МРР не се одговорни за презентираните содржини на веб страната.