Art Juice е 100% сок од калинки од реонот на Богданци и Валандово. Сокот се добива исклучиво од зрната на калинката. Овошјето се преработува на специјална машина која ги отфрла останатите делови од плодот за да се стигне до пијалок добиен од убавите и сочни црвени зрна. Процесот што се користи при обработката е ладно цедење.
За калинката постојат многу митови, легенди и верувања. За многу народи таа е едно од најстарите овошја во светот, а пак срцевидната форма е посебно инспиративна за уметниците.
Јадењето калинка или пиењето сок го спречува стресот, го зајакнува расположението, го подобрува растот на коските, уринарниот систем, го чува здавјето на црниот дроб, жлездите, хормоните, ензимите и ја регулира на ензимската активност. Калинката го зајакнува човечкиот имунолошки систем, ги штити клетките од оштетување предизвикано од слободните радикали, помага во одржување на растот и развојот на клетките во органите, мазноста на дигестивниот систем, ја спречува појавата на канцер, особено канцер на дебелото црево. Ја подобрува функцијата на видот, го минимизира ризикот од дијабетес, ја подобрува на рамнотежата на телесните течности и го намалување на ризикот од дехидрација. Калинката помага при слабеење преку разградувањето на хранливите состојки на храната (особено во мастите),потоа во спречување несакани ефекти од лековите, а преставува и извори на енергија. Особено е корисна да ја внесуваат жените во менопауза.
Др. Јана Клопчевска, доцент, Институт за Органска технологија катедра за прехранбена и биотехнологија Технолошко-металуршки факултет, УКИМ, Скопје
This website was developed within the project "Organizational Development of NRM and Development of Sustainable Models for Food Security in Local Communities" funded by the Swedish International Development Cooperation Agency (AIDS) through the Swedish Development Agency We Effect. AIDS, We Effect and MDR are not responsible for the content presented on the website.