0

Сокот од калинка – одговор на загриженоста за силен имунитет

Калинката е богата со фенолни соединенија, што дава отпорност кон габи и бактерии. Содржи фенолни соединенија кои можат да го намалат растот и да ги уништат природните габи. Хранливата содржина на калинката комбинација од 2 состојки – високата содржината на вода, влакна, шеќер, пантотенска киселина, фолна киселина,nхолин, витамин Е и витамин К.

Врз основа на високата и доста хранлива содржина, придобивките и ефикасноста на калинката се за системот за крвоток, одржување на нивото на црвени крвни зрнца, намалување на лошиот холестерол и зголемување на добриот холестерол во крвта. Таа помага во регулирање на работата на срцето, го стабилиза шеќерот во крвта, го минимизира ризикот од болести на крвните садови, помага во борба против срцевите болести и го нормализир крвниот притисок. Го балансира нивото на киселост во крвта, го намалува појавувањето на седи влакна на косата, го пречува предвременото стареење и појавата на брчки на лицето, ја осветлува кожата, ги зацврстува ноктите и го намалува ризикот од егзема (црвенило и чешање на кожата.) Редовното консумирање на калинката го спречува опаѓањето на косата и ја подмладува кожата, го формира колагенот и репродуктивни систем. Ги ублажува менструалните болки, го поддржува развојот на фетусот, дава поддршка на здравјето на бремените жени, го подобрува нервениот и мозочениот систем и ја подобрува на функцијата на мозокот.

И покрај нејзиното опстојување со векови токму на југот од земјата, кај нас не постојат многу научни или стручни анализи за бенефитите од редовното јадење калинка или консумирање на сокот од неа. Затоа се обративме до проф. д-р Јана Клопчевска од Технолошко-металуршкиот факултет од Скопје, која токму на примерок од Art Juice, брендот на компанијата Органик Нар направи испитувања на составот на калинката, на сокот и бенефитите од нивното користење:

Антоцијанозидите се најзначајната група присутна во плодот и цветот на калинката. Такви се пеларгонидин-3-глукозид и пеларгонидин-3,5-диглукозид, пронајден во високи количини а присутни во помали количини во арилите.

Важни за здравјето на денешниот човек и неговото брзо секојдневие се и флавоноидите и танините, како и антоцијаните кои се еден вид пигмент што се наоѓа во растенијата, со големи придобивки. Класата на соединенија флавоноиди кои имаат антиоксидантно дејство. Тие се клучни во борбата со нестабилните молекули наречени слободни радикали, кои ги оштетуваат клетките и го зголемуваат ризикот од одредени болести. Сево ова го прави сокот од калинка Art Juice одличен пијалок за динамичното секојденевие и постојаната загриженост за тоа дали нашиот имунитет може да одговори на сите предизвици – подвлекува проф. Клопчевска.

Визијата на компанијата Органик Нар за производството на сок од калинка од сопствени насади продолжува и понатаму со откуп на суровина и од локалните земјоделци. Така погонот станува активен чинител и партнер во локалниот развој за што добива поддршка и од Мрежата за рурален развој и Шведската организација за развој We Effect.  

Contact


This website was developed within the project "Organizational Development of NRM and Development of Sustainable Models for Food Security in Local Communities" funded by the Swedish International Development Cooperation Agency (AIDS) through the Swedish Development Agency We Effect. AIDS, We Effect and MDR are not responsible for the content presented on the website.